Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин во елемент: Сите лажат! Намерно ги комплицираат работите

Рускиот претседател, Владимир Путин на редовната годишна прес-конференција одговараше на многу актуелни прашања, помеѓу кои и за прашања поврзани и со енергетската криза.

Новинарите го потсетија Путин дека руската компанија Гаспром е обвинета за монопол на пазарот, дека ситуацијата во Европа е тешка, и дека цената на гасот е апсолутно рекордно висока. Дали е виновен Гаспром ?, на што Путин им одговори:

Секако дека не. Тоа е обид повторно се да се преврти се наопаку. Еден колега што не го разбира Западот ме праша истото. Сите лажат затоа што намерно ги комплицираат работите. Гаспром ги зголеми испораките за речиси 20 отсто во странство и воопшто во Европа. Според мене ова е единствената компанија која се однесува така. Американските добавувачи транспортираа гас на премиум пазарот, Јужна Америка, Кореја, Јапонија. И цените поради тоа скокнаа, потенцираше Путин.

Тој додаде дека има многу фактори поради што ситуацијата е таква.

Неповолното време, долгата пролет, недоволното снабдување на подземните магацини, ’генераторите на ветер’ не работеа и многу друго. А додека исто време, локалните власти ги плашат своите компании. Поради тоа има дефицит, објасни Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!