Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин денес традиционално ја одржува годишната прес-конференција со новинарите. Повеќе од 500 новинари најавија учество!

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес (четврток) ќе ја одржи годишната прес-конференција со новинарите.

Кремљ соопшти дека ќе дозволи присуство на околу 500 домашни и меѓународни новинари да присуствуваат на конференцијата.

Во 2020 година, поради ограничувањата и мерките за заштита од вирусот Ковид-19, беа примени само избрани новинари, но и тогаш конференцијата траеше нешто повеќе од четири часа.

Многу прашања беа поставени и на интернет минатата година.

Настанот доаѓа во време на повеќенеделна меѓународна загриженост поради извештаите дека Русија се подготвува да ја нападне соседна Украина. Додека Москва ги отфрла обвинувањата.

Се очекува Путин да ги коментира руските предлози за обврзувачките безбедносни гаранции откако Москва неодамна поднесе нацрт-договор до НАТО, САД и нивните сојузници. Овие преговори се очекува да започнат во јануари.

Традиционално, еднаш годишно, претседателот на Русија, Путин, одржува прес-конференција на која тој се фокусира на внатрешната политика, економијата и надворешната политика.

Русите се се понезадоволни од политиката на Путин поради високите цени и невработеноста секако и ниските примања. Тој ја води земјата како претседател или премиер повеќе од 20 години и се претставува како личност која ќе најде соодветни решенија за проблемите на земјата и народот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!