Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин: НАТО не може на исток, што би било ако ние поставиме ракети во Мексико и Канада?

Рускиот претседател пред повеќе од 500 новинари зборуваше за проширувањето на НАТО пактот, за можната војна во Украина, за гасната криза која го тресе светот, но и за пандемијата на коронавирус, како и за економските и социјалните прашања.

Рускиот претседател Владимир Путин ja одржа традиционална годишна прес-конференција која траеше пет часа и на која ги сумираше резултатите од работата во годината што се ближи кон крајот. За разлика од претходната, која се одржа онлајн, оваа година на Путин прашања му поставија 507 домашни и странски новинари акредитирани специјално за оваа пригода.

Путин одговори на повеќе прашања за пандемијата на коронавирус, состојбата на руската економија, актуелната гасна криза, проширувањето на НАТО пактот на исток, поставувањето ракети и можна војна.

Украина е неизбежна тема

На прес-конференцијата Путин призна и дека Русија никогаш немаше да го заземе Крим во 2014 година доколку немаше државен удар во Украина.

– Што се случи во 2014 година? Крвав удар. Негодувањето на граѓаните стануваше легитимно. Но, Јанукович се согласи со се, западните земји дадоа гаранции. После ден – два пуч. Зошто? Нема одговор. Победата на опозицијата беше неизбежна. Зошто го направија тоа? После тоа се случи Крим. Русија не можеше да постапи поинаку и неволно гледаше што се случува во Украина, особено во Донбас. Така настана кризата“.

Новинарката на Sky News го праша Путин дали може безусловно да гарантира дека нема да ја нападне Украина?

Прашајте го политичкото раководство на Украина. Секојдневно нарачуваат пукање?Иднината на Донбас мора да ја одредат жителите на регионот, поинаку не може. И Русија ќе дејствува како посредник според договорот од Минск, додека Украина се обидува да ја направи страна во конфликтот. Тие (властите во Киев) одбиваат да разговараат со претставниците на Донбас, иако самите инсистираа на нивните потписи под документите, потсети Путин и додаде. Русија по секоја цена сака да гради добрососедски односи со Украина. Но, како можете да изградите односи со денешното раководство, што прават тие денес? Тоа е практично невозможно. Но, ние сме подготвени да работиме со оние сили кои би сакале да градат односи со Русија на добрососедски начин.

Русија и НАТО

Во одговорите на темата за односите со НАТО пактот и безбедносните гаранции што им ги даде Путин, тој рече:

Топката е на нивна страна, тие треба да одговорат. Сè на сè, засега гледаме позитивна реакција, додаде рускиот претседател и рече дека НАТО ја „измами“ Русија со пет бранови на проширување од Студената војна и дека САД сега се „на прагот“ на Русија со своите проектили. Нашите акции нема да зависат од текот на преговорите, туку од безусловната безбедност на Русија. Јасно ставивме до знаење дека проширувањето на НАТО на исток е неприфатливо. Соединетите Американски Држави стојат со ракети на прагот од нашата куќа. Дали е претерано барање да немаме штрајкови системи до нас? „Како би реагирале Американците ако ставиме ракети на границата со Канада или Мексико“, рече Путин.

Гасна криза

Путин напомена и дека Русија не е виновна за високата цена на гасот и објасни дека главниот виновник е во неповолните временски услови, недоволното полнење на подземните складишта и генераторите на ветер кои не работеле.

Новинарите го потсетија Путин дека „Гаспром“ е обвинет за монопол на пазарот, ситуацијата во Европа е тешка, а цената е апсолутен рекорд.

– Се разбира не. Тоа е обид повторно се да се преврти се наопаку. Еден колега прашува што не разбира Западот. Сите лажат затоа што намерно ги комплицираат работите. „Газпром“ ги зголеми испораките за речиси 20 отсто во Европа. Американските добавувачи транспортираа гас на премиум пазарот, Јужна Америка, Кореја, Јапонија. И цените скокнаа“, рече Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!