Вие имате прво да ја знаете вистината

Рестрикции на Косово! Системот е преоптоварен

Во Косово и Метохија денес ќе бидат воведени рестрикции за користењето на електричната енергија поради преоптоварување на системот, соопшти операторот за дистрибуција на електрична енергија на таа држава.

Според пазарниот оператор КОСТТ, рестрикциите ќе бидат воведени, бидејќи во последните денови е преоптоварен електро-системот, а покрај тоа, како што велат, владата и светската електро-енергетска криза создаваат дополнителна тежина на ситуацијата.

Ограничувањата ќе траат околу два часа на целата територија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!