Вие имате прво да ја знаете вистината

Се роди првото Тесла бебе: Благодарение на автопилотот на автомобилот Тесла, мојата сопруга и јас на свет го донесовме нашето второ дете!

Вистинскиот кошмар што може да се случи на секоја трудница стана реалност за 34-годишната Џиран Шери од Филаделфија! Додека со сопругот го носела своето тригодишно дете во градинка, и пукнала водата. Бидејќи болницата била на 20 минути, сопругот направил храбар и паметен потег, го вклучил автопилотот на автомобилот Тесла се со цел да и помогне на сопругата!

Бројни светски медиуми ја пренесоа оваа неверојатна приказна.

Додека со едната рака го држел воланот, со другата и помагал на сопругата која била стуткана на совозачкото седиште.

Толку силно ми ја стисна раката што мислев дека ќе ми ја скине. И реков да внимава како дише, адреналинот нè „убиваше“, изјавил сопругот.

Отпрвин се обидов да го задржам детето во стомакот, но на половина пат сфатив дека ќе излезе. Сум видел такви работи само на филм. На крајот, се се заврши добро, благодарение на инженерите на Тесла и на брилијантниот автопилот, изјави гордо овој татко.

Кога семејството пристигнало во породилиштето, бебето веќе било надвор, а медицинските сестри ја отстраниле папочната врвца на сувозачкото седиште.

Иако во болницата веќе бебето го доби името Тесла, девојчето на крајот ќе го добие името Мејве Лили.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!