Вие имате прво да ја знаете вистината

Тешки обвинувања од Лондон: Роман Абрамовиќ е шпион на Владимир Путин, Претседателот на Русија стои зад купувањето на Челзи!

Познатиот руски милијардер, Роман Абрамовиќ (55 г.), сопственик на фудбалската екипа Челзи, неодамна се соочи со тешки обвинувања за шпионажа во Англија.

Иако Абрамович во последните години не се многу разоткрива и појавува во јавноста, неколку британски медиуми го обвинија дека е близок роднина на рускиот претседател, Владимир Путин, и дека со тоа тој шпионира за Русија. Во пишувањата се споменува и дека Путин стои зад преземањето и купувањето на Челзи од страна на Абрамович во 2003 година.

Сите овие информации пред да стигнат до медиумите се објавени во книга во која се појавија сведоштва на неколку луѓе за овие настани.

Абрамович ги тужеше авторите на книгата, кои мораа јавно да се извинат откако судот пресуди дека се обвинети за лажни информации презентирани во јавноста.

Роман Абрамович во последните години го води Челзи од сенка, повлекувајќи се во втор план, а наместо тоа сите работи околу клубот ги води 46-годишната русинка, Марина Грановскаја.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!