Вие имате прво да ја знаете вистината

Турција уапси американски дипломат!

Турската полиција уапсила американски дипломат вработен во американскиот конзулат во Бејрут, Истанбул, под сомнение дека му дал лажен пасош на сириски државјанин, соопштува турската новинска агенција.

Дипломатот, идентификуван во локалните медиуми само со иницијалите Д.Ј.К., бил уапсен на аеродромот во Истанбул на 11 ноември.

Тој е обвинет дека му дал копија од сопствениот пасош на сириски државјанин кој се обидел да се качи на лет од Истанбул за Германија.

Според турските медиуми, дипломатот кој лично дошол на аеродромот да го предаде лажниот пасош, во замена за него добил 10.000 долари, а тоа го снимиле надзорните камери и полицијата имала докази со што веднаш го приведеле.

Засега нема реакции од американската амбасада во Анкара, и немаат соопштено никаков детал за овој настан.

Според медиумите во Турција, дипломатите обично уживаат имунитет, но сепак можат да бидат кривично гонети во земји каде што не се акредитирани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!