Вие имате прво да ја знаете вистината

Уапсен познат грчки водител, објавувал снимки со секс со поранешните девојки без нивна дозвола (фото)

Популарниот грчки ТВ комичар Статис Панајотопулос денеска е уапсен под обвинение дека на Интернет објавувал интимни снимки со своите поранешни партнерки без нивна согласност.

Полицијата и судските власти во Солун соопштија дека 58-годишен маж е уапсен поради наводно прекршување на законот за заштита на личните податоци, а грчките медиуми објавија дека станува збор за Статис Панајотопулос, кој учествувал во популарната емисија „Радио Арвила“ на грчкиот АНТ ТВ, пренесува АП.

Панајопулос беше отпуштен од позицијата водител на популарна емисија на грчката телевизија на почетокот на овој месец, откако неговата поранешна партнерка го обвини дека на Интернет објавува видеа од нивните интимни врски без нејзина согласност.

Покрената е судска истрага, а грчката полиција утврдува дали осомничениот е поврзан со други слични снимки објавени на Интернет, врз основа на новите обвинувања што ги добила против него, наведува АП.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!