Вие имате прво да ја знаете вистината

Бугарија дава 43 долари на секој пензионер за вакцинација: „Ќе станеме корона гето“

Бугарија, земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ, во четвртокот им вети на пензионерите парична награда доколку се вакцинираат против Ковид-19.

Како награда за вакцинацијата, на секој пензионер ќе му бидат исплатени 75 лева (43 американски долари) и оваа иницијатива ќе трае до јуни следната година, јавуваат локалните медиуми.

Во Бугарија само 27 отсто од населението биле вакцинирани со две дози, од кои само три отсто добиле бустер доза.

„Постои опасност Бугарија да стане своевидно гето со коронавирус“, предупреди вирологот Радка Аргирова.

Многу Бугари не сакаат да се вакцинираат, а тоа се објаснува со општата недоверба кон која било влада, но и со теориите на заговор кои кружат на интернет.

Четвртиот бран на инфекција го достигна врвот во Бугарија на почетокот на ноември. Бројот на новозаразени опаѓа, а седумдневната инциденца е 149 заразени на 100.000 луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!