Вие имате прво да ја знаете вистината

Буфон искрено: Јувентус поради Роналдо го изгуби тимскиот ДНК!

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, легендарниот, Џанлуиџи Буфон, следниот месец ќе наполни 44 години, но се уште не планира да ги закачи копачките на колче. Моментално тој ги брани боите на второлигашот Парма каде што и ја започна кариерата пред 26 години. Сезонава тој одбрани три од шесте пенали, но Парма има слаб тим и е само на 13. позиција на табелата.

Буфон даде интервју со својот поранешен соиграч од Парма, Христо Стоичков и откри неколку интересни детали. Како на пример, дека се уште има намера да брани и дека Парма не му е последен клуб во кој тој ќе настапува. Тој вели дека би сакал да се обиде во преку океанските држави.

САД или Мексико. Ова се искуства кои би сакал да ги имам во мојата кариера. Но само кога ќе ја вратам Парма во Серија А. Во тој случај би можел да поминам една година во Америка, изјави Буфон.

Сепак, многу поинтересни се повиците кои ги упати кон поранешниот соиграч Кристијано Роналдо за кој изјави дека го уништил тимскиот дух во соблекувалната на Јувентус. Буфон на тој начин им се придружи на своите пријатели Џорџо Киелини и Леонардо Бонучи, кои имаа слични замерки за славниот Португалец.

Јувентус имаше шанса да ја освои Лигата на шампионите уште во првата сезона кога дојде Роналдо. Во тоа време бев во Париз и не можев да разберам што се случува. Се вратив, поминав две сезони во тим со Кристијан и убаво се сложувавме. Но, мислам дека Јувентус тогаш го загуби својот ДНК и својата препознатливост. Стигнавме до финалето на Лигата на шампионите во 2017 година бидејќи бевме тест тим, пред се бевме една целина и имавме силна конкуренција во тимот уште од групната фаза. Но тоа го загубивме со Роналдо, нагласува Буфон.

Буфон, како и клубот од Торино, беше опседнат со освојување на Лигата на шампионите и се трудеше на секој можен начин да ја постигне таа цел. Тој замина и во екипата на Пари Сен Жермен да се обиде да дојде до таа титула но залудно.

Тоа што не ја освоив Лигата на шампионите секогаш ме одржуваше жив во натпреварувачкиот дух. Да ја освоев, веројатно одамна ќе се пензионирав. Не би имал цели за кои да се борам, признава Буфон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!