Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Словенија забранет масовен дочек на Новата година под отворено небо. Нови мерки за божиќните и новогодишните празници!

Словенија го забрани масовниот дочек на Новата година под отворено небо, но сепак им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови, под услов гостите да имаат задолжителни потврди за Ковид-19 или негативен тест, кој, без разлика на статусот на личноста, секој ќе мора да го има.

Словенечката влада најави епидемиолошка рамка која ќе биде на сила за време на божиќните и новогодишните празници, а која е многу поблага од минатата година кога речиси се беше затворено.

За разлика од минатата година, полноќните миси ќе се одржуваат во црквите, но ќе можат да присуствуваат само оние кои ги исполнуваат условите за ДСП, што значи дека треба да се вакцинирани против Ковид-19, или дека тестот за вирусот им е негативен.

За време на божиќните празници, и за време на 31 декември и 1 јануари, ќе биде дозволен собир на лица од најмногу три домаќинства, под услов да се тестираат лицата постари од шест години пред тоа, соопшти словенечката влада.

Валидноста на брзиот антигенски тест е скратена на 24 часа, а на PCR тестот на 48 часа.

Музиката во живо е дозволена само во рестораните, а тестирањето ќе може да се направи веднаш пред да се влезе во просторијата.

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.203 нови инфекции со вирусот Ковид-19, а двајца пациенти починале, соопшти денеска словенечкиот институт за јавно здравје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!