Вие имате прво да ја знаете вистината

Генијална честитка: Загрепските пожарникари ги воодушевија граѓаните

На божиќните и новогодишните честитки со интересна честитка на својот Фејсбук профил се приклучи и противпожарната станица од Загреб.

Пожарникарите објавија кратко видео снимено од воздух, на кое се гледа новогодишна елка направена од противпожарни возила.

– Нека нашата елка ви донесе радост во овие денови, од се срце ви посакуваме среќен Божиќ и мирна, безбедна и успешна Нова година – напишаа во соопштението.

Видеото за неколку часа собра повеќе од 1.500 лајкови и бројни позитивни коментари.

„Среќен и благословен Божиќ на сите пожарникари и нека ве чува ангелите и милиот Господ особено при вашите интервенции“, „Прекрасно!!! Среќен и мирен Божиќ на вас и вашите семејства!!!“, се само дел од коментарите на воодушевените корисници под видеото.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!