Вие имате прво да ја знаете вистината

Голем ВЕРИЖЕН судир во САД: Учествувале повеќе од 100 возила (видео)

Масовен верижен судир се случил во американската сојузна држава Висконсин, во кој учествуваа повеќе од 100 возила. Несреќата се случила покрај патот I94 во округот Џексон.

Во судирот учествувале камиони и патнички возила, јавуваат локалните медиуми. Според локалната полиција, во тој реон паѓал леден дожд кој создал крајно опасни услови на патот и поради тоа се случил овој немил настан.

Засега државната полиција и Брзата помош не можеа да дадат попрецизни информации за повредени, но беше констатирано дека патот е блокиран, а граѓаните се предупредени да го избегнуваат тој правец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!