Вие имате прво да ја знаете вистината

Гужва во Атлантикот, Американците се огласија: Ова е флотата што ја спасува Европа од енергетската криза!

Цената на гасот во Европа надмина цена од 1.800 долари за 1.000 кубни метри. Експертите проценуваат дека цените растат бидејќи руски Гаспром не резервирал доволно капацитети за транзит на природен гас низ Полска преку гасоводот Јамал-Европа. Поради оваа причина, физичкиот проток на гас се движеше во спротивна насока, односно од Германија кон Полска.

Во исто време, рускиот претседател, Владимир Путин ја обвинува Европа дека самата го создава проблемот со гасот и им порача на европските лидери сами да си го решат проблемот. По ова се појави веста дека флота американски бродови полни со течен природен гас пристигнува во Европа.

Од вкупно 76 американски LNG бродови во транзит, 10 од нив се танкери кои превезуваат вкупно 1,6 милиони кубни гориво за топланите и централите за гас и истите пристигнуваат во Европа како своја нова дестинација, според податоците објавени на светските медиуми.

Дополнително уште 20 танкери со околу 3,3 милиони кубни гориво го преминуваат Атлантскиот Океан и се на пат кон Европа. Речиси една третина од товарот доаѓа од терминалот за извоз на ЛНГ во Луизијана – Sabine Pass на Cheniere Energy Inc. Терминалите за извоз на ЛНГ во САД достигнаа рекорден проток во неделата.

Досега Азија беше главна дестинација за бродовите со ЛНГ, но тоа се промени оваа зима поради енергетската криза во Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!