Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали на германската влада и се заканува раскол? Причина: Русија

На новата германска влада и се заканува раскол поради несогласувањата околу гасоводот „Северен тек 2“ и руско-германските односи, пишува весникот „Ерсте“.

Како што се наведува, новата шефица на германската дипломатија Аналена Бербок се нашла во комплицирана ситуација бидејќи смета дека е неопходно да се најде нов правец во надворешната политика, пред се поради кризата во Украина.

Авторот на написот тврди и дека проблемот е што новиот канцелар Олаф Шолц е крајно воздржан по ова прашање.

Гасоводот „Северен тек 2“ изгледа како слон во продавница за стакло“, опишува новинар од весникот „Ерстe“.

Тој додава дека овој гасовод е клин што може да ја растури новоформираната германска влада.

Да потсетиме, по 31 година од политичката кариера на Ангела Меркел, Германија доби нова влада предводена од тричлена коалиција. Новата влада ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и либералите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!