Вие имате прво да ја знаете вистината

Едногодишно дете со сериозни коморбидитети починало од Ковид-19

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021.

Како што наведуваат од ИЈЗ, според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Истото, повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања: Остеохондродисплазија, Епилепсија, Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

-До денот на  последната хоспитализација,  детето е  хоспитализирано во Клиничка болница Битола  каде  поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021  кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид – 19, е упатено  во Иинститутот за белодробни заболувања кај деца Козле (ИБЗД). По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64 проценти, а во претходен договор од ИБЗД Козле  детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и  соодветно лекување.  Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар  кое од денот на прием е на механичка вентилација,  се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и  реанимација,  завршува летално, стои во соопштението од ИЈЗ. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!