Вие имате прво да ја знаете вистината

Институт Гамалеја: Омикрон не е поопасен од Делта, но побргу се шири

Новиот вид на вирусот Ковид-19, Омикрон, не е поопасен од видот Делта, но за разлика од Делта видот овој нов вид се побрзо се шири кај населението, соопшти денеска директорот на рускиот институт Гамалеја, Александар Гинсбург.

До денес, според прелиминарните податоци што ги имаме, не можеме да кажеме дека видот Омикрон е поопасен или повирулентен од видот Делта по кој било параметар. Другата работа е што е попренослив, односно многу побрзо се шири помеѓу населението, изјави тој во интервју за телевизискиот канал Русија 24.

Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Гамалеја, овој месец потврди дека веќе ја модифицира вакцината Спутник за да го прилагоди омикронскиот вид на вирусот и дека моментално е во првата фаза од клиничките испитувања.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!