Вие имате прво да ја знаете вистината

Како кралицата Елизабета ќе ги помине божиќните празници за прв пат без принцот Филип !?

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол ќе го поминат престојниот Божиќ со кралицата Елизабета Втора (95 г.), изјави портпаролот на кралската резиденција, Кларенс Хаус.

Кралицата ќе ги помине божиќните празници во замокот Виндзор, ова за неа ќе биде прва Божиќна ноќ без нејзиниот покоен сопруг, војводата од Единбург, но како и обично, таа нема да патува во Сандрингам за божиќните празници.

Но за време на празниците ќе и се придружат и членовите на семејството. Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, ќе ја посетат кралицата за Божиќ.

Кралицата останува во Виндзор како мерка на претпазливост поради зголемувањето на бројот на заразени со вирусот Ковид-19.

Минатата година кралицата и покојниот принц Филип ги поминаа божиќните празници во Ниндзор.

Кралицата вообичаено е домаќин на своето семејство во Сандрингем, за време на празниците, а толпата секогаш традиционално го следи нејзиното заминување во црква на 25 декември.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!