Вие имате прво да ја знаете вистината

Косово воведува вонредна состојба !? Приштинските власти во тотален колапс, градот 24 часа без струја!

Пратеникот на Демократската партија на Косово, Ферат Шала, денес го повика косовскиот премиер Албин Курти да прогласи вонредна состојба поради енергетската криза и да разреши дел од кабинетот задолжен за енергетскиот сектор. 

На седницата на Собранието за привремените институции на Приштина, Шала истакна дека Косово е во длабока енергетска криза и последиците се сериозни во сите области, пренесуваат косовските медиуми.

Влеговме во криза, но немаме податоци кога и како ќе излеземе од оваа криза. Како и колку граѓаните ќе се справат со оваа состојба во зимската сезона. Владата не си ја заврши работата, изјавил Шала.

Од друга страна, политичкиот аналитичар и претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Косово, Илир Ибрахими, вели дека енергетската криза ќе беше полесно да се надмине доколку косовската влада не ги игнорираше претходните предупредувања кои укажуваа на заканата.

Некои од нас пред неколку месеци предупредуваа дека ќе има енергетска криза. Она што го баравме и што требаше да го направат надлежните институции на чело со Владата е преземање мерки за полесно надминување на оваа криза. Не се сомневам дека оваа криза ќе беше полесно да се надмине, доколку овие повици беа сфатени сериозно и доколку оттогаш се почнеше да се размислува и планира. Но, за жал, предупредувањата не беа сфатени сериозно, и беа игнорирани и исмејувани, изјави Ибрахими.

Тој изјави дека денеска косовските семејства мора да им објаснат на своите деца дека свеќите не се користат само за роденденски торти и предупреди дека енергетската криза само што почнала и дека ќе се продлабочува и влошува.

Зошто ? Затоа што веќе пет месеци ништо не е направено и покрај бројните повици и апели да се почне да се размислува и планира, додаде Ибрахими.

Директорот на Косовската енергетска корпорација, Нагип Красниќи, доцна синоќа изјави дека германски експерт во недела ќе пристигне на Косово за да помогне во поправката на турбината во блокот Б2 од блокот Косово Б, а неговото доаѓање го најави и премиерот Албин Курти пред седум дена.

Ние сме во контакт со компанијата што ја произведува турбината и очекуваме да испратат свој експерт, тој експерт во недела ќе биде во КЕК и потоа ќе го утврдиме степенот на оштетување и ќе знаеме колку време е потребно за да се поправи дефектот. Има прелиминарна проценка дека очекуваме Б2 да биде вратен на работа околу 20 јануари, изјави Красниќи. 

Красниќи најави и дека ограничувањата засега ќе се применуваат со што граѓаните два часа ќе останат без струја, а осум часа ќе имаат. Сепак најави можно заострување на мерките.

Сепак, делови од Приштина беа без струја повеќе од 24 часа, што предизвика тотален колапс и протести на граѓаните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!