Вие имате прво да ја знаете вистината

Кралицата Елизабета објави празнична фотографија: Еден детаљ му посвети на покојниот сопруг

По големите загуби, раскинати семејни врски и скандали, едно е сигурно, оваа година не беше лесна за кралицата Елизабета.

Таа во своето традиционално божиќно обраќање посвети посебно внимание на оние кои ги оставаат своите животи настрана за да ги спасат сите граѓани за време на страшната пандемија на корона вирусот.

Повикувајќи се на борбениот дух на Британците, кралицата ги повика сите да се соочат со најголемиот предизвик, а тоа е секако актуелната пандемија.

– Сакам да ги утешам сите оние кои се тажни поради разделбата со своите најблиски со фактот дека повторно ќе се сретнеме – рекла кралицата.

Бакингемската палата објави и фотографија од кралицата во црвен крој фустан, а со фотографијата која стоеше на масата до неа сакаше да му оддаде почит на својот сакан сопруг кој почина оваа година.

Нејзиното Височество важи за личност која се радува на иднината и секогаш гледа напред, па на членовите на семејството со кои ќе ги помине претстојните празници сигурно ќе им порача дека не треба да се задржуваат во минатото и дека има многу причини за радост .

Фото Танјуг/АП

Одбележувањето на платинестиот јубилеј од нејзиното владеење, кое е планирано за следната година, ќе овозможи милиони граѓани да уживаат и да се сеќаваат на времињата што на сите им недостасуваат, пренесува Мирор.

А во меѓувреме можеби се надева дека овој јубилеј би можел да биде повод целото семејство да се собере, да ги „стопи“ заладените односи и се да биде како порано, пред да биде предоцна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!