Вие имате прво да ја знаете вистината

Лука Модриќ се опорави од вирусот Ковид-19

Реал Мадрид потврди дека Лука Модриќ се опорави од вирусот Ковид-19 и дека се очекува да се врати да тренира на 29 декември, штом завршат божиќните празници.

Хрватскиот играч на 14 декември почувствувал симптоми на настинка, по што му бил дијагностициран вирусот Ковид-19. Оттогаш тој не тренирал и е во домашна самоизолација. Лука повторно беше тестиран во Мадрид на 17 декември кога тестот му беше негативен, но тој продолжи да има температура и се уште се чувствуваше уморен.

Според здравствените правила во Шпанија, заразените мора да поминат десет дена во карантин. Поради тоа Модриќ ги пропушти натпреварите со Кадиз (0-0) и Атлетик Билбао (1:2).

Во четвртокот, резултатот од ПЦР тестот на Модриќ повторно покажа дека е негативен, што го извади од карантин.

Фудбалерите на Реал Мадрид моментално се на одмор и ќе се соберат повторно на 29 декември во клупскиот камп во северното предградие на Валдебебас.

Водечкиот тим во шпанското првенство следниот натпревар ќе го одигра на 2 јануари кога ќе гостува во предградието кај Гетафе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!