Вие имате прво да ја знаете вистината

Нападнат рускиот конзулат во Украина: Русија итно реагираше поради терористичкиот акт во Лавов, повика Украинците да ги казнат одговорните

Генералниот конзулат на Русија во непознатиот украински град Лавов бил нападнат со молотов коктел фрлен од непознато лице, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Како што се наведува, станува збор за „терористички чин“ кој е последица на поттикнување омраза и непријателство кон Русија во Украина, пренесува ТАСС.

„Генералниот конзулат на Русија испрати нота до регионалната канцеларија на Министерството за надворешни работи на Украина, како и апел до началникот на главната дирекција на националната полиција во Лавов со барање за преземање итни мерки за зајакнување на безбедноста на конзулатот и неговите вработени. Протесна нота е испратена до амбасадата во Киев и до Министерството за надворешни работи на Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руското Министерство за надворешни работи го повика на разговор дипломат од украинската амбасада во Москва и побара извинување од украинските власти, додава Тас.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!