Вие имате прво да ја знаете вистината

На само неколку дена пред Новата Година, откажани големите концерти на Чолиќ и Мерлин во Црна Гора

Новите построги мерки во борбата против вирусот Ковид-19 директно се одразија на откажувањето на новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде што требаше да настапат најголемите балкански ѕвезди како што се: Дино Мерлин, Здравко Чолиќ, Џибони, Сенидах и многу останати.

Новите мерки ги најави министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиќ Боровиќ.

Поради страв од ширење на новиот вид Омикрон од вирусот Ковид-19, Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај публиката и граѓаните ги разочара и најголемите ѕвезди.

За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви што мислиме дека е дефинитивно откажано, изјавил за српските медиуми менаџерот на Здравко Чолиќ, Драган Ѓука.

Од ,менаџерската службата на Дино Мерлин велат дека се свесни оти шансите за одржување на концертот се минимални.

Министерството за здравство со дигитален сертификат ја одобри работата на кафулињата, дискотеките и хотелските капацитети за време на новогодишните празници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!