Вие имате прво да ја знаете вистината

Неколку авиокомпании од САД и Европа масовно ги одложуваат летовите во периодот на божиќните и новогодишните празници поради вирусот Ковид-19

Најмалку три големи авиокомпании откажаа десетици летови, бидејќи голем број членови на екипажите се заразени со вирусот Ковид-19.

Германската авиокомпанија Луфтханза денес соопшти дека откажала десетина долги прекуокеански летови за време на божиќните празници поради масовното зголемување на боледувањата помеѓу пилотите. Откажани се летовите за Хјустон, Бостон и Вашингтон.

Од авиокомпанијата наведуваат дека не можат да шпекулираат дали за тоа се одговорни инфекциите на Ковид-19 или карантинот, бидејќи компанијата не добила известувања за видот на болеста.

Патниците, како што е соопштено, биле пренасочени на други летови.

Во САД, комапниите Делта ерлајнс и Јунајтед ерлајнс тврдат дека морале да откажат десетици летови за Бадник поради недостаток на персонал по заразување со видот Омикрон.

Ненадејното зголемување на бројот на заразени случаи со Омикрон оваа недела, имаше директно влијание врз нашиот екипаж. Како резултат на тоа, за жал, моравме да откажеме некои летови и да ги информираме патниците пред нивното пристигнување на аеродромот, се наведува во соопштението на Јунајтед ерлајнс.

Авиокомпанијата соопшти дека откажува повеќе од 100 летови и работи на промена на резервациите на што е можно повеќе луѓе.

Од Делта порачуваат дека денеска откажале околу 90 летови поради можноста од лоши временски услови и влијанието на омикрон варијантата на Ковид-19, откако компанијата ги исцрпела сите опции и ресурси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!