Вие имате прво да ја знаете вистината

Не секогаш законот се почитува и во Швајцарија: Откриени повеќе од 8000 лажни Ковид сертификати!

Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација против вирусот Ковид-19 се издадени во швајцарскиот кантон Св.Гален, изјави во денес (четврток) регионалниот претставник.

Истражувањето сега е фокусирано на група вработени кои работат во приватниот центар за тестирање од Ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможи пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.

Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.

Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат повторно одредена сума, велат од кантоналната управа.

Фалсификуваните сертификати повеќе не важат и се отсртанети од системот.

Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Св.Гален е еден од најслабите швајцарски кантони во полето на вакцинација.

Низ Швајцарија речиси 67 отсто од граѓаните се вакцинирани со вакцината против вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!