Минатиот ден во Велика Британија се регистрирани рекордни 119.789 новозаразени случаи со вирусот Ковид-19, а додека 147 лица го загубиле својот живот како последица од истиот.
Според тамошните медиуми, број на новозаразени е зголемен за 139 отсто во споредба со претходниот рекорд од 50.023 случаи пред две недели.
Како што е наведено, 147 лица починале како последица на инфекција со вирусот Ковид-19, во споредба со 146 смртни случаи регистрирани минатата недела.
Претходно британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, изјави дека нема да бидат воведени нови рестриктивни мерки во земјата пред Божиќ и покрај тоа што во средата се регистрирани над 100.000 новозаразени лица за прв пат од почетокот на пандемијата.