Вие имате прво да ја знаете вистината

Оваа снимка покажува колку разорно беше торнадото во Кентаки: Вратата се претвори во прашина за секунда

Првата Народна банка објави снимка од надзорната камера на која се гледа шокантен момент од три агли кога торнадо го урива стаклениот ѕид на филијалата, заедно со металната врата.

Станува збор за торнадото кое на 10 декември опустоши дури пет американски држави, а најголема штета предизвика во Мејфилд, Кентаки. Таму камерите снимија момент на страшно уништување.

Смртоносното торнадо однесе 93 животи, од кои 78 во државата Кентаки.

Снимката од целосно срамнетиот со земја Мејфилд, град со околу десет илјади жители, го обиколи светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!