Вие имате прво да ја знаете вистината

Овој град во Србија живее во Новогодишната магија! Украсен на ниво како Европските метрополи (фото/видео)

Еден од најубавите градови во Србија, украсен како метропола од Европа.

Со поставување на блескава фонтана со лебеди, санки со Дедо Мраз, клупи во облик на срце, лампиони, синџири, снегулки, пакетчиња и ролки во боја на српското знаме секако и прекрасна новогодишна елка пред украсените столбови на Народниот театар, Суботица го заврши новогодишното украсување и го направи градот магичен, како од вистинските зимски бајки.

Во духот на празничната магија најмногу уживаат најмладите, но радоста од разновидните украси во целиот град несомнено ги радува сите. Според градоначалникот, Стеван Бакиќ, Суботица божиќните и новогодишните празници ги прославува посветло и поубаво од било кога.

Се обидовме со набавка на нови украси да ги украсиме плоштадите, шеталиштата и улиците во Суботица што поубаво, за нашиот град да блесне со новогодишен сјај. Подобрени се и кружните текови. Така, кружните текови Југ и Келебија добија 3Д букви, а валјаци во боите на знамето беа поставени по важните сообраќајници во градот, како што се патиштата Палиќ, Белград и Сењ, и на алејата Маршал Тито, истакна Бакиќ.

Погледнете ја оваа прекрасна зимска идила која што сигурно ќе ви ги стопли срцата барем на еден момент:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!