Вие имате прво да ја знаете вистината

Оливер Спасовски не се гледа како дел од новиот тим на СДСМ и Димитар Ковачевски

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека не треба да биде дел од новото раководство на партијата.

Тој претходниот ден во емисија на еден од националните медиуми, изјави дека во новиот тим на СДСМ треба да бидат нови луѓе кои имаат енергија и една поинаква визија и кои се граделе и растеле во редовите на партијата.

На новиот претседател треба да му се даде можноста, како што ја презема одговорноста да биде лидер и да ја предводи партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба можеби да го направи од нови луѓе и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим се со цел да не го обременуваме ниту претседателот, ниту неговиот тим, изјави Спасовски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!