Вие имате прво да ја знаете вистината

Осум српски полицајци и припадници на Армијата на БиХ се обвинети за воени злосторства

Обвинителството на БиХ покрена обвинение против осум воени припадници на босанските срби обвинети за најтешки воени злосторства против цивили, вклучително и убиство на деца, а во одделен случај, четворица поранешни припадници на Армијата на БиХ, исто така, се обвинети за воени злосторства.

Меѓу осумте обвинети полицајци е и Горан Шариќ, пензиониран полициски генерал, кој за време на војната служел како командант на специјална полициска единица. Сите обвинети беа уапсени претходно овој месец и ослободени по сослушувањето во очекување на судењето.

Егзекутираа луѓе и ги фрлија во Дрина. Најмладата жртва имала шест години

Обвинението ги товари за незаконско приведување на сите членови на бошњачките семејства Сарајлиќ, Сејменовиќ и Малагиќ кои живееле во населбата Букеш кај Бјелина ноќта помеѓу 24 и 25 септември 1992 година.

Од 22-та незаконски приведени, половина се деца, жени и постари лица. Српската полиција сите ги однела во Балатун, каде што ги егзекутирала и ги фрлила телата на жртвите во Дрина. Најмладата жртва е дете кое имало само шест години, а најстарата жртва била жена која во моментот на убиството имала 72 години.

Останките на некои жртви се уште не се пронајдени

Телата на некои од жртвите по војната во БиХ беа ексхумирани на неколку локации покрај реката Сава, во Србија, а беа погребани во Сремска Митровица. Досега не се пронајдени посмртните останки на четири жртви.

Во друг случај, четворица членови на Армијата на БиХ беа обвинети за воени злосторства против заробени припадници на босанските срби. Како што беше наведено, тие по кратка постапка застрелале двајца затвореници во месноста Теочак, а малтретирале уште неколку.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!