Вие имате прво да ја знаете вистината

ПАТРИЈАРХОТ ВАРТОЛОМЕЈ ПОЗИТИВЕН на КОРОНАВИРУСОТ: Сите да се вакцинираат за свое, но и за доброто на општеството

Вселенскиот патријарх Вартоломеј е позитивен на корона вирусот, соопшти денеска Цариградската патријаршија.

Во соопштението се истакнува дека 81-годишниот патријарх е целосно вакциниран и има само благи симптоми на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Неговата здравствена состојба е добра, додава грчки Катимерини.

Откако бил дијагностициран, патријархот отишол во болница во Истанбул на дополнителни превентивни прегледи.

Патријархот им се заблагодари на сите кои се интересираат за неговото здравје и ги повика сите да ги следат препораките на лекарите, а оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат за свое, но и за доброто на општеството.

На сите им го честиташе Божиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!