Вие имате прво да ја знаете вистината

Планираната одмазда на Бајден кон Путин. Протекоа детали за можните санкции кон Русија од САД поради тензиите во Украина. За што точно станува збор!?

Американските власти размислуваат за строги мерки за контрола на извозот со цел да и наштетат на руската економија доколку рускиот претседател Владимир Путин ја нападне Украина, изјави еден од високите функционери од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, за медиумите.

Мерките, за кои ќе се разговара на состанокот на високите претставници, ќе бидат како дополнување на економските санкции што ги разгледува администрацијата на Бајден во случај на руска инвазија на Украина, откако Москва распореди десетици илјади војници долж границата со Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден се закани со деструктивни акции против Русија во обид да го предупреди Путин за последиците од воениот упад во Украина. Путин, од друга страна, негираше дека Русија планира било каква инвазија.

Потезите, за кои ќе се разговара на состанокот во Белата куќа, вклучуваат вонредни мерки за контрола на извозот кон Русија, кои би можеле да задушат голем дел од руските индустриски и потрошувачки технологии, изјави официјален претставник кој сакаше да остане анонимен за медиумите.

Мерките што се дискутираат би можеле да ја спречат Русија да увезува паметни т.е. смарт телефони, клучни компоненти за авио и авто индустријата, но и материјали од многу други сектори, а тоа може да има големо влијание врз руските потрошувачи, индустриските операции како и вработувањето.

Официјалниот претставник изјавил дека таквите потенцијални мерки за Русија би биле без преседан. Тие би ги користеле алатките што ги користела администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп против Кина, а усвоени од администрацијата на Бајден, а тогаш тие имаа за цел да го блокираат пристапот на кинеската телекомуникациска компанија Huawei до напредни полупроводници односно технологии.

Американските власти планираат да се консултираат со клучните партнери во Европа и Азија кои би можеле да бидат вклучени во овие мерки и да охрабрат координирани напори каде што е потребно.

На рускиот пазар на мобилни телефони доминираат странски компании како Apple, Samsung и Huawei, кои оваа година станаа предмет на новиот руски закон со кој се бара да инсталираат руски софтвер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!