Вие имате прво да ја знаете вистината

Повеќе од 5000 луѓе заглавени во суперлуксузен брод! Нема многу позитивни но е забранет влез на пристаништето!

Пандемијата со вирусот Ковид-19 не престанува да предизвукува нови проблеми. Суперлуксузното крстарење веќе неколку пати за време на пандемијата беше стопирано и се соочуваше со сериозни проблеми поради позитивни лица на бродовите. Така, луксузниот крузер, Odyssey of the Seas, го претвори 18-дневното крстарење за патниците во буквална одисеја, бидејќи двата острови на Карибите му забранија влез во пристаништата откако пред неколку дена беше откриено дека 55 лица во бродот биле позитивни на вирусот.

Најновиот и најлуксузниот крузер на компанијата Royal Caribbean, кој тргнал од Флорида на 18-дневно патување по Карибите на 18 декември, накратко се врати назад на пристаништето во неделата. Таму патникот со симптоми на Ковид-19 и неговите блиски контакти го напуштил бродот. Меѓутоа, пред патниците и екипажот имало нови непредвидени проблеми во рутата.

Портпаролот на Royal Caribbean изјави дека некои целосно вакцинирани членови на екипажот биле позитивни за време на рутинското неделно тестирање.

Блиските контакти беа брзо идентификувани и сите веднаш беа ставени во карантин, изјави Лајан Сиера-Каро, додавајќи дека вкупно 55 луѓе се заразени со вирусот Ковид-19.

И покрај релативно малиот број, со 3.587 патници и 1.599 членови на екипажот на бродот, проблемот резултираше на пристаништата Курасао и Аруба, каде што бродот планираше да се закотви, но доби забрана за влез.

Одлуката е донесена заедно со островските власти и поради голема претпазливост со оглед на моменталниот тренд на случаи во овие заедници и позитивните случаи на Ковид-19, на бродот му се забранува влез, а додека само 1,1 отсто од вкупниот број луѓе на бродот се позитивни, се вели во соопштението на Сиера-Каро.

Променет е и распоредот за користење и организирање забава на бродот за крстарење, потврдија од Royal Carribbean, додека американските центри за контрола и превенција на болести започнаа истрага.

На почетокот на пандемијата, крузерите честопати беа жаришта на вирусот и потенцијално место за ширење на инфекцијата, а на многу од нив им беше забранет влезот во пристаништата ширум светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!