Вие имате прво да ја знаете вистината

По Еден месец од автобуската несреќа обновен сообраќајот на автопатот Струма

Еден месец по страшната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 лица, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата веќе се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 км/ч.

Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс“.

Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км“.

По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента за Дупница и Кулата беше затворен за сообраќај, за вршење увид и истражни дејствија.

Агенцијата за патна помош на Бугарија, по несреќата изврши премер на делницата за да утврди дали знаците, заштитните огради и хоризонталните ознаки на подрачјето на несреќата се во рамките на законските норми. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!