Вие имате прво да ја знаете вистината

Регионот на нозе! Мило Ѓукановиќ позитивен на Ковид-19, пред два дена имал контат со хрватскиот претседател!

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е позитивен на вирусот Ковид-19, соопштија минатиот ден од неговиот кабинет.

Ѓукановиќ во вторникот вечерта во Загреб присуствуваше на прославата по повод годишнината од активностите на Националниот сојуз на Црногорците во Хрватска, а со него беше и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Претходно во четвртокот беше објавено дека Ѓукановиќ имал контакт со позитивна личност и дека е во изолација.

Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро, беше соопштено од кабинетот на Ѓукановиќ.

Согласно епидемиолошките мерки тој ќе остане во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски, се додава во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!