Вие имате прво да ја знаете вистината

Светските медиуми воодушевени од ненаселен хрватски остров: На што ве потсетува?

Камените ѕидови на овој остров се заштитени од 2018 година како дел од листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Ненаселениот остров Бављенац, често наречен Баљенац, чија површина е само 0,14 квадратни километри, со својот уникатен изглед го привлече вниманието на светските медиуми.

Како со отпечаток од прст, формиран од мрежа на стари камени ѕидови и препознатлива овална форма, Бављенац се наоѓа на архипелагот Шибеник, а Хрватскиот туристички одбор тврди дека островот бил користен за земјоделство од жителите на Каприје, односно соседниот остров.

Имено, земјоделците од соседниот остров ја расчестиле вегетацијата на островот за да направат места за садење смокви и цитруси, како и винова лоза. Тие изградиле и мрежа од камени ѕидови за да ги заштитат посевите од ветерот и да ги поделат парцелите. Споменатите камени ѕидови, односно суви камени ѕидови потекнуваат од 19 век.

Иако веќе ги нема овошките и виновата лоза, камените ѕидови останаа и се заштитени од 2018 година како дел од листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Овие ѕидини се сведоци на времето кога напорната работа, упорноста и издржливоста биле клучни за скротување на суровиот живот. Бављенац, сончев остров, некогаш преполн со лозја и шуми преплавени со мириси на смокви и цитрус, сега е дел на културното богатство и медитеранскиот спокој што го чека неговото повторно откривање.

Оние кои сакаат да го посетат можат да одат на обиколка на островот со брод, но ретките тури не можат да се закотват на островот бидејќи нема пристаниште.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!