Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал ја тресе Бугарија, Генчовска на клучни позиции за преговори со Македонија назначи соработници на комунистичките служби, објавени нивните кодни имиња!?

Бугарскиот портал Zonanews објави инфорации за, како што ги нарече скандалните назначувања на три лица од страна на новата министерка за надворешни работи на Бугарија, како дел од нејзиниот нов тим во бугарското МНР, а истите според порталот биле соработници на ДС и РУМНО или бугарските тајни служби.

Или како што пишува Zonanews Теодора Генчовска назначила шеф ( началник ) на кабинетот, советник и главен секретар на МНР кои се соработници на спомените ДС и РУМНО.

Според порталот, за крајно скандалозните назначувања, како што ги нарекуваат тие, на три лица кои се зависни од ДС и РУМНО од страна на новата министерка за надворешни работи, прв објавил новинарот Емил Томом. Томов ги објавива и нивните псевдоними под кои биле регистрирани од страна на службите како нивни соработници.

Во својот профил на фејсбук тој го напиша следното:

Новата министерка за надворешни работи прави страшни назначувања:

За свој шеф на кабинетот го назначи Петчо Петев, роден 1956 година, таен соработник Динов од Првото управување на државната безбедност.

Нејзин советник ќе е Петар Воденски, роден 1951 година, таен соработник Велинов, на Генералштабот на Бугарската Армија.

За главен секретар во министерството беше назначен Иван Петров, роден 1953 година, таен соработник Балинов на Првото Управување на ДС.

Инаку Ганчовска е дел од владината коалиција како предлог на патијата Има таков народ на Слави Трифонов. Првично беше планирана да биде министер за одбрана, но бидејќи се бараше место во владата на поранешниот премиер на службената влада, Стефан Јанев, на крај Јанев стана министер за одбрана а Генчовска е министер за надворешни работи која ќе го решава спорот со Македонија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!