Вие имате прво да ја знаете вистината

Словенија ги забрани масовните прослави на отворено, во црквите само со ковид сертификат

Словенија го забрани масовниот дочек на Нова Година на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови, со презентирање на ковид сертификат и негативен тест, кој без разлика на статусот на вакциналниот статус, секој ќе мора да го има.

Словенечката влада најави епидемиолошки мерки кои ќе бидат затегнати за време на божиќните и новогодишните празници, но сепак полабави и поблаги од лани кога речиси се беше затворено.

За разлика од минатата година, полноќните миси ќе се одржуваат во црквите, но ќе можат да присуствуваат само оние кои ги исполнуваат условите за ДСП, што значи дека се вакцинирани против Ковид-19, дека се опоравиле или биле тестирани.

На 24, 25 и 31 декември и 1 јануари ќе им биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите лица постари од шест години, соопшти словенечката влада.

Дозволена е музика во живо

Валидноста на брзиот антигенски тест е скратена на 24 часа, а на PCR тестот на 48 часа.

Музиката во живо е дозволена и во рестораните, а тестирањето може да се направи непосредно пред да влезете во локалот.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1203 нови инфекции со коронавирус, а двајца пациенти починале, соопшти денес словенечкиот институт за јавно здравје, додека епидемиолозите, и покрај подобрувањето на епидемиолошката состојба, предупредуваат на внимателност за време на празниците.

„Ситуацијата е подобра и има помалку хоспитализации, но се зависи од ширењето на варијантата омикрон, бидејќи се смета дека е поприсутна отколку што покажале досегашните анализи“, вели инфектологот и раководител на љубљанската клиника за инфективни болести,Татјана Лејко Жупанц.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!