Вие имате прво да ја знаете вистината

Средношколците од Струга на протест: Осумденевен притвор за професорот што претепа ученик

Основниот суд Струга го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одредил мерка притвор во траење од осум дена на 57-годишниот професор по англиски јазик, кој вчера со метален боксирач нападнал ученик во гимазијата „Ибраим Темо“.

Основното јавно обвинителство – Струга соопшти дека повело постапка против 57 – годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „насилство“. Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, вчера околу 12 часот и 30 минути, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години.

Физичкиот напад, како што е наведено, следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.

– Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, стои во соопштението на ОЈО.

Средношколците од „Ибраим Темо“ денеска ја бојкотираа наставата и протестираа пред Основниот суд во Струга, со барање за притвор за професорот. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!