Вие имате прво да ја знаете вистината

Татко на годината: 10 годишната ќерка ги малтретирала соучениците, сурово ја научил на животна лекција

Татко од Охајо решил да и одржи лекција на својата десетгодишна ќерка откако ја исфрлиле од училишниот автобус. Имено, проблематичната девојка неколку пати ги малтретирала своите врсници и двапати била исфрлена од автобусот поради недолично однесување.

Нејзиниот татко првиот пат и излегол во пресрет и ја возел од училиште до дома, но кога повторно се случил инцидентот, решил дека неговата ќерка мора да разбере дека нејзиниот однос кон другите деца е неприфатлив.

– Ова слатко девојче е мојата десетгодишна ќерка која по втор пат беше исфрлена од училишниот автобус поради малтретирање други деца… – ја започна приказната таткото.

Наместо да ја кара, откако беше исфрлена од автобусот, тој ја следеше со автомобил на пат кон дома за да се увери дека таа безбедно ќе дојде, но сакаше и неговата ќерка да извлече лекција, дека никогаш повеќе нема да го толерира нејзиното насилно однесување и дека таа секој пат кога ќе мора да ги сноси последиците. Девојката треба да избере – или ќе се однесува убаво или ќе мора секој ден да пешачи 8 километри од дома до училиште и назад.

– Можеби многу родители не се согласуваат со ова, но јас го правам она што сметам дека е правилно за ќерка ми да научи лекција и да престане да ги вознемирува другите деца! Деца, ако го гледате ова, ве молам, никој да не ги злоупотребува другите деца – рекол меѓу другото овој татко.

Видеото е објавено на социјалните мрежи, а само на Фејсбук е прегледано повеќе од 22 милиони пати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!