Вие имате прво да ја знаете вистината

Утешна награда за граѓаните кој што беа во самоизолација а нивните имиња беа јавно објавени: Владата на Црна Гора на секој ќе додели по 300 евра како знак на извинување

Црногорската влада се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација но чии имиња беа објавени во јавноста, поради тоа Владата одличи да им исплати по 300 евра на секој, а по тој основ државата ќе треба да издвои од буџетот вкупно 816.000 евра.

Според соопштението на Владата, заштитникот на имотно-правните интереси на Црна Гора е задолжен да склучи спогодба со 2.720 лица во износ од 300 евра како надомест на нематеријална штета поради повреда на личните права со објавување лични податоци.

Претходно, неколку стотици граѓани ја тужеа државата Црна Гора, бидејќи претходната влада ги објави имињата и адресите на граѓаните во период од март до мај минатата година, на кои на почетокот на пандемијата им беше наредено да се самоизолираат поради контакти со позитивни лица на вирусот.

Списокот подоцна беше искористен од луѓето кои се во изолација да се создаде апликација за мобилен телефон што им овозможува на корисниците да ги лоцираат луѓето во изолација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!