Вие имате прво да ја знаете вистината

Уште еден натпревар на листата одложени натпревари во Премиер лигата за Боксинг деј!

Фудбалерите заразени со вирусот Ковид-19 и повредите во екипата на Евертон ја принудија Премиер лигата да го прифати барањето на клубот за одложување на натпреварот и да го откаже нивниот дуел од програмата на „Боксинг деј“ каде што требаше екипата на Евертон да гостува кај Барнли.

Ова е 13-ти откажан натпревар од Премиер лигата поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 и трет натпревар за неделниот „Боксинг деј“ кој е одложен откако во четвртокот беа откажани натпреварите Ливерпул – Лидс Јунајтед и Вулверхемптон Вондерерс – Вотфорд, поради инфекции на фудбалерите од гостинските тимови.

Тренерот на Евертон, Рафа Бенитез во четвртокот изјави дека неговиот клуб имал барање за одложување на неделниот натпревар што Премиер лигата го одби, додавајќи дека тоа е неправедно бидејќи тој има шест повредени и пет заразени играчи со вирусот.

Премиер лигата дава одложување само ако клубот има на располагање помалку од 14 играчи односно 13 играчи и еден голман, а посебна комисија ги разгледува барањата од случај до случај.

Двата клуба веќе имаа одложени натпревари овој месец, а Барнли ќе има дури четири натпревари за само десет дена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!