Вие имате прво да ја знаете вистината

Јапонија нема во план да испрати владина делегација на Зимските Олимписки игри во Кина следната година. Дали и тие се приклучуваат на бојкотот започнат од САД?

Јапонија нема да испрати владина делегација на Зимските олимписки игри следната година во Кина, но не сака тоа да го нарече како дипломатски бојкот.

Сеико Хашимото, претседател на Организацискиот одбор за овогодинешните Летни олимписки игри во Јапонија, и уште двајца олимписки претставници ќе бидат испратени во Пекинг, изјави во петокот портпаролот на јапонската влада, Хироказу Мацуно.

Шефот на јапонскиот параолимписки комитет, Казујуки Мори исто така ќе оди во Пекинг на Зимските игри, додаде владиниот портпарол.

Сепак, Мацуно не сакаше одлуката да ја нарече дипломатски бојкот, како што тоа го направија САД и уште неколку други држави.

Мацуно изјави дека нема „конкретно име“ за пристапот на Јапонија кон ситуацијата за ЗОИ.

Сепак, одлуката на Јапонија се смета дека е во согласност со пристапот на администрацијата на Бајден.

Земјите како Канада и Велика Британија, исто така, ја следат американската иницијатива и не испраќаат владини претставници на игрите, кои ќе се одржат во Пекинг од 4 до 20 февруари следната година.

Кина е критикувана за кршење на човековите права на Ујгурите и Тибетанците, за потиснување на демократското движење во Хонг Конг и за закани до Тајван.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!