Вие имате прво да ја знаете вистината

Вооружен маж упаднал во замокот Виндзор додека Елизабета, Чарлс и Камила биле внатре

Вооружен маж утринава е уапсен поради обид за упад во замокот Виндзор, соопшти лондонската полиција.

Полицијата пристигнала на местото на настанот околу 8:30 часот и уапсила 19-годишник од Саутемптон во дворот на замокот. За време на упадот, кралицата Елизабета, Чарлс и Камила биле во самиот замок.

– Истрагата е во тек, тесно соработуваме со колегите од Метрополитен полиција – изјави супервизорот Ребека Меарс.

Мажот е уапсен поради сомнение за кражба или неовластено влегување во заштитено подрачје и поседување огнено оружје.

– Тој во моментов останува во притвор. Можеме да потврдиме дека безбедносните протоколи се активирани во моментот откако човекот влегол во дворецот, но мора да нагласиме дека тој не влегол во ниту една зграда. За инцидентот биле известени членовите на кралското семејство. Не веруваме дека постои поширока опасност за јавноста – се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!