Вие имате прво да ја знаете вистината

Во октомври 71,9 отсто од потрошената струја била од домашно производство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 595 653 мегават часови електрична енергија, 45 762 милиони нормални кубни метри природен гас, 336 109 тони јаглен и 98 364 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,1 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!