Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема прослава на Канарските острови, вулканот конечно стивна: „Ова е најубавиот божиќен подарок“

Вулканот на Канарскиот остров Ла Палма, од кој 85 дена течеа реки со црвена лава, конечно стивна, па локалните жители добија „божиќен подарок“ кој долго ќе го паметат.

Комитетот за вонредни состојби (Певолка) извести дека ерупцијата што започна на 19 септември на тој шпански остров во Атлантскиот Океан, северозападно од брегот на Африка, официјално престана во саботата.

Вулканот нагло заспал вечерта на 13 декември и оттогаш немало ерупции на лава, ниту значителни земјотреси, па експертите се убедени дека неговата активност дефинитивно е завршена.

„Ерупцијата заврши“, изјави Хулио Перез, портпарол на регионалната влада на Канарските Острови.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој неколку пати го посети островот за време на кризата, рече дека тоа е „најубавиот подарок за Божиќ“.

„Целосно им се восхитувам на луѓето во Ла Палма“, напиша тој на Твитер. „Ќе продолжиме да работиме заедно, сите институции, за обнова на прекрасниот остров Ла Палма и санирање на штетите“, додаде тој.

Тоа ќе биде напорна работа иако немаше ниту една жртва во напливот на лава, пепел и токсични облаци чад. Уништени се повеќе од 2.900 домови и згради, а лава со дебелина од еден метар зафати речиси 1.200 хектари од островот. Штетата се проценува на над 900 милиони евра.

Во последните недели низ Шпанија се одржуваат различни спортски настани за да се соберат пари за жртвите, а се продаваат и календари со импресивни фотографии од вулканската ерупција.

Околу 7.000 од крајните 84.000 жители биле евакуирани од своите домови. Перез рече дека првите повратници би можеле да се вратат во првата половина на јануари.

Поради насобраниот чад, откажани се 500 летови поради привремено затворање на авиосообраќајот но сега се очекува зголемување на бројот на туристите.

Ова беше најдолгата забележана ерупција на Ла Палма. Вулканската активност во 1585 година на тој остров траела 84 дена.

Но, најдолгата регистрирана активност на вулкан во Шпанија се случила од 1730 до 1736 година, исто така на Канарскиот остров Ланзароте. Таму ерупцијата траела 2055 дена и денес поради обликуваната магматска средина Ланзароте е една од најатрактивните туристички дестинации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!