Вие имате прво да ја знаете вистината

Горбачов: „По распадот на СССР, Америка стана премногу арогантна, сакаше да изгради нова империја“

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов (90), пред дипломатските разговори меѓу САД и Русија за Украина, го критикуваше проширувањето на НАТО, велејќи дека „САД станаа арогантни по распадот на Советскиот Сојуз“.

Русија го обвини НАТО за поттикнување тензии и побара гаранции дека Алијансата предводена од САД ќе ги повлече своите сили од регионот во Источна Европа.

Во исто време, светот стравува дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да изврши напад врз Украина, а ваквото црно сценарио е поддржано со акумулација на руски војници во близина на границата со Украина, па се очекува Вашингтон и Москва да одржат нова серија разговори на почетокот на следната година, за да се обидат да ја решат оваа криза.

Во интервју за руската државна новинска агенција РИА Новости во петокот, Горбачов беше многу критичен за ставот на Западот кон Русија по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, пренесува Телеграф.

– Расположението на Запад беше триумфално, особено во САД… Станаа арогантни и самоуверени. Тие прогласија победа во Студената војна, а всушност Москва и Вашингтон ги здружија силите за да го извлечат светот од конфликтот и трката за нуклеарно оружје… Но не, „победниците“ решија да изградат нова империја, па оттука и идејата за проширувањето на НАТО – рече поранешниот советски лидер, кој одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна.

Владимир Путин побара од НАТО правни гаранции и ветување дека Украина никогаш нема да стане членка на трансатлантската алијанса. Рускиот претседател продолжува да инсистира дека масовното акумулирање на руски војници во близина на границата со Украина е одговор на легитимната загриженост на Русија за воените активности на НАТО во близина на руските граници.

Но, Горбачов во петокот беше многу критичен за проширувањето на НАТО кон исток.

-Како во таква позиција може да се смета на рамноправни односи со САД и Западот – се прашува тој, но сепак ги поздравува претстојните дипломатски разговори меѓу Москва и Вашингтон.

„Се надевам дека ќе има резултати“, рече тој.

Преговорите најверојатно ќе се одржат во Женева на почетокот на јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!