Вие имате прво да ја знаете вистината

Дедо со своето Ферари удрил во излог на трговски преполн со луѓе: „Мислевме дека е бомба!

82-годишниот возач помина без повреди, но во несреќата се повредени неговата совозачка и продавачка во трговскиот центар.

Празничното расположение на улиците на Андора, мала мирна земја сместена на Пиринеите меѓу Франција и Шпанија, го наруши необичен настан и ги шокираше божиќните купувачи.

Имено, во парохијата Sant Julià de Lòria, среде бел ден, црвено Ferrari 512 TR на ужас на сите удрило во еден од излозите.

Локалните медиуми јавуваат дека италијанскиот легендарен автомобил со голема брзина поминувал покрај трговскиот центар, удрил во бариера на патот, преминал неколку ленти и пробил голем излог. Се верува дека брзината била главен фактор за несреќата, а во тек е полициска истрага.

На крајот лекарска помош побарале 44-годишна продавачка и сопатничката од ферарито и со дијагноза потрес на мозокот биле пренесени во локалната болница.

Црвеното Ферари претрпе голема штета со уништен преден дел.

Инаку, ова е егзотичен класичен 512 TR од 1992 година, подобрена верзија на култната Тестароса, од која се направени само 2.261, а италијанскиот супер автомобил и денес има впечатливи перформанси.

Неговиот 4,9-литарски 12-цилиндричен боксер мотор има 428 КС и 491 Nm, кој овозможува забрзување до 100 km/h за 4,8 секунди и максимална брзина од 314 km/h… На овој модел сигурно ќе му требаат скапи поправки…

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!