Вие имате прво да ја знаете вистината

Занаетчиите не отстапуваат од барањата за субвенционирање на минималната плата и недела за нив да биде работна

Занаетчиска комора не се откажува од барањето за субвенционирање на 3000 денари за минималната плата за занаетчиите, изјави денеска претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлиjи.

Занаетчиите не се против поголеми плати за работници, но за самите себеси не се во состојба да обезбедат поголема плата. Комората претходно испрати барање за средба со Министерството за труд и социјална политика.

– Се наоѓаме во тешка социо-економска криза, пандемијата го направи своето, но сите параметри покажуваат дека ние сме сè уште во криза. Не се покачува минималната плата само 3000 денари, туку се покачува 4.200 денари по вработен или по лице што врши таква дејност. Веднаш реагиравме заради зачувување на работни места, перспективата на занаетчиството, мора да ни излезат во пресрет ако сакаат да се одржливи тие работни места, бидејќи во моментов покрај старите занаети коишто се во тешка положба и профитабилните занаети немаат ликвидност, немаат доволно клиенти, ограничувања поради пандемијата. МТСП мора да анализира добро да ги има предвид овие наши барања, бидејќи ние сме и самовработени, вели тој.

Занаетчиската комора реагира и на новото законско решение, со кое недела се прогласува за неработен дел. Комората смета дека законот е донесен бргу и без консултации и наместо да ги штити, тој ги крши работничките права. Согласно новиот закон на занаетчиите не им е дозволено да работат во недела.

– Се знае точно кои услужни дејности би можеле да работат во недела, бидејќи ако не работат во недела чаршиите, старите занаети, сувенирниците, јорганџиите и други златарите, во чаршиите поминуваат и туристи на пример во скопската, охридската чаршија. Што би значело за еден занаетчија да нема приход. Можеби во недела ќе направи поголем промет од целата недела, вели Фазлиjи.

Тој нагласува дека е неспоредливо занаетчиството да се третира како јавната администрација и прашува што ќе се случи со одредени услужни дејности како што фризерници, козметичари, вулканизери и други дејности кои мораат да работат во недела.

– Ако, на пример им ја ограничиме работат во недела значи дека нема да има крштенки, свадби, родендени, затоа што тие занаетчиство се опфатени. Плус има занаетчии кои се дел од градежништво, има плочкари, водоинсталатер, електричар, како во недела ќе го запрат процесот на изградба на една куќа. Или во недела ако еден прозорец ни се скрши,ќе чекате 24 часа за да се направи?, вели Фазлиjи.

Тој смета дека овој закон дополнително ќе ја поттикне сивата економија за чие искоренување се залага комората и занаетчиите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!