Вие имате прво да ја знаете вистината

Земјотрес во тенисот, Ѓоковиќ игра тенис пред зграда во Белград, не оди во Австралија, дали ќе имаме нов крал во белиот спорт!? (видео)

Последните информации се дека Новак Ѓоковиќ нема да патува во Австралија според првичниот план.

Според пишувањето на Блиц, најдобриот светски тенисер ќе го пропушти учеството на АТП купот на почетокот на 2022 година.

Се потенцира дека во Австралија нема да патува ниту селекторот Виктор Троицки.

Тоа сепак не мора да значи дека Ѓоковиќ подоцна нема да отпатува за Австралија, каде би ја бранел титулата, 10. трофеј во Мелбурн и 21. Грен слем во кариерата.

Се наведува дека моментално има обврски околу Фондацијата во Белград, тренира секој ден, но времето го поминува и со децата и со остатокот од семејството.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е снимен како игра тенис пред зградата во Белград.

Новак одлучи да не оди во Сиднеј на АТП купот и подготовките за новата сезона ги продолжува во својот тренинг центар.

Се уште не е познато дали ќе настапи на Австралија опен, каде мерките и протоколите за коронавирусот се уште построги отколку во Сиднеј.

Првиот Грен слем во сезоната се игра од 17 до 30 јануари.

Рускиот тенисер Андреј Рубљев се осврна на темата задолжителна вакцинација и учество на Австралија опен.

Колку што разбрав од тоа што го прочитав, не сметаат на него. Ова е како покер натпревар, чекаме да видиме кој прв ќе се откаже. Ми се чини дека Новак едноставно нема да оди на Австралија опен. Се чини дека Надал ќе игра. Но, Ако Новак не игра, ќе биде чудно. Затоа што тогаш ќе има турнеја во Америка, каде што исто така сите мора да се вакцинираат, изјави Рубљев за Еуроспорт

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!